Тони Херона останува верен на Шарт

Шпанскиот стратег и селектор на машката репрезентација на Србија, Тони Херона, останува верен на францускиот клуб Шарт.

Херона минатата сезона со своите избраници обезбеди полуфинале во Купот на Франција и екипата заврши на 10 место во најквалитетното француско првенство.

Поради тоа раководството на клубот реши да ја продолжи соработката за уште две сезони. Освен на клупски план, Херона имаше одличен успех и со селекцијата на Србија во квалификациските натпревари за настап на Европското првенство 2022.

Претседателот на Шарт, Стив Барон, за медиумите во Франција истакна дека шпанскиот стратег одлично се вклопил во клубот и ги остварил замислените цели.

„Ова продолжување е важно за мене и за клубот, одвоивме време да размислиме за донесената одлука. Тони беше дел од поставениот нов циклус со создавањето на екипата. Зеде тим што го немаше создадено и успеа да нѐ задржи во најквалитетното првенство“

Херона пристигна во францускиот клуб во 2019 година.