Томовски доби екс вардарец за соиграч: Горпишин ќе игра за Лудвигсхафен

Поранешниот ракометар на Вардар, Сергеј Горпишин, кој минатата сезона ја мина во Македонија потпиша краток договор со бундеслигашот Лудвигсхафен.

Рускиот кружен напаѓач по заминувањето од Македонија се врати во Германија, каде претходно играше за Ерланген и беше во потрага на нов клуб.

Беше на пробен период во Фленсбург, но тренерот Мајк Махула не се реши за ангажман на Русинот.

Во тимот каде што игра Мартин Томовски, Лудвигсхафен, се повреди пикерот Кристијан Климек, па Горпишин ќе биде ангажиран како негова замена, но само до крајот на декември.