Тиквеш не застанува, ја наполни мрежата на Преспа во Ресен

Тимот на Тиквеш годинава се чини дека е најсериозниот кандидат за влез во Суперлигата. Кавадарчани продолжуваат без проблеми да ги совладуваат сите ривали, а последниот триумф беше остварен на гостувањето во Ресен.

Преспа беше совладана со убедливи 21-36 во натпреварот од 9 коло во групата 2 од Првата лига. Победата беше обезбедна уште по првиот дел кога гостите водеа со 10-17. Преспа поведе само на стартот со 1-0, а потоа се беше во знакот на Тиквеш.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димитар Минов со девет и Јане Јанчев со осум, додека засилувањето Дарко Кондев даде три погодоци. Во составот на Преспа по пет погодоци дадоа Филип Георгиевски и Џанер Шабединовски.

Тиквеш сега има 27 бодови, пред КЛ7 со 24 бодови, а покрај нив Младост Богданци и Аеродром се најголемите кандидати за место во плеј-офот.