„Татко ми беше алкохоличар, нè напушти кога имав седум години, а немав пари ниту за патики!“

Некогаш беше најголемиот украински талент, но никогаш не докажа дека е подготвен за големи дострели во кариерата.

Членот на Еурофарм Пелистер, Александар Шевелев, за украинските медиуми откри интересни детали од приватниот живот.

Кружниот напаѓач започнал да тренира ракомет на 12 години, но кога видел колку е тоа напорно сакал да се откаже.

„Сакав да го напуштам ракометот за да уживам во обичниот живот. Моите другари живееја обичен живот, сакав со нив да шетам и да си играм на улуца. Имавме тренинзи тогаш во индустрискиот дел во Запорожје. Се сеќавам како денес, таму одеше тролејбусот број 9А низ локалните фабрики. Имаше еден на 45 минути, а тренинзите завршуваат во 22 часот…Татко ми ми недостигаше, а мајка ми работеше на три работни места, со еден збор, тоа не беше лесно за мене“, вели Шевелев.

Украинскиот репрезентативец живеел само со мајка му и тоа во студентски дома, а немал пари ниту за патики за тренинг.

„Тој нè напушти кога јас имав седум години, имаше проблеми со алкохолот. Со мајка ми живееме во студентски дом. Живееме скромно, јадевме месо само за празници. Јас не можев да си дозволам да купам нормални патики за тренинг. Купував патики за 14 гривни (30 денари) кои се оштетуваа за неколку дена. На 14 години израснав до 198 цм. Насекаде пишува дека сум висок два метра, но од тој момент не пораснав ниту еден цм. Бројот на ногата ми е 49! Мојата мајка не можеше да го гледа тоа, па бараше заем од 100 долари за да ми купи нормални патики“, се присетува пивотменот.

Тој откри дека не комуницира со неговиот татко.

„Последен пат го видов пред четири години, на роденденот на мојата тетка. Ние не комуиницираме со него. Јас и до ден денес сум му лут затоа што не остави тогаш, а мајка ми за мене е светица. Не знам зошто е така, но поголем дел од ракометарите доаѓаат од сиромашни семејства или се со разведени родители. Богати момци во нашиот свет практично и нема“, вели Шевелев.

Ако се споредат сегашните плати со тоа што своевремено го заработувал Украинецот, изгледа смешно.

„До 18 години договорите ги потпишуваше мајка ми, а мојата плата беше 500 гривни (1000 денари). Јас затработував повеќе од неа, понекогаш јас и праќав пари. Во клубот каде што играв тогаш, во Портовик добивав храна, а целата плата ја трошев на други работи. Не можам да си го замислам својот живот без благо, а во тоа време можев да изедам две големи пакувања слатки работи или да изедам една тегла џем, можев и еден килограм торта, јадев и шербет цело пакување. Во сите продавници за сладости ме познаваа лично“, завршува Шевелев.