Петто засилување за Охрид – потпиша некогашна ѕвезда на ПСЖ!

Амбициозниот Охрид го промовираше петтото засилување за наредната сезона во која влегува со уште поголеми амбиции.

Станува збор за левото крило Адама Кеита, кој потпиша договор на една сезона, со можност да продолжување на соработката до 2028 година.

Кеита има 28 години (186 цм) и ќе го облече „сино-белиот“ дрес со број 9. Доаѓа од тимот на АЕК Атина, а претходно цели осум сезони го носеше дресот на големиот ПСЖ  со кој има многу освоени титули.

Има настапи за сите младински категории за националниот тим на Франција и освоен бронзен медал на Светското младинско првенство 2017.

___________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________