Кеита: Доаѓам во Охрид со големи желби и амбиции – ќе го дадам максимумот за клубот

По Дино Славиќ, Доминик Мате, Мартин Карапалевски и Никола Зечевиќ, Охрид го промовираше петтото засилување за наредната сезона.

Левото крило Адама Кеита ќе му се приклучи на составот на Борис Ројевиќ, а Французинот ги искажа своите импресии по промоцијата.

„Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи“, изјави Кеита.

Кеита ќе му се приклучи на Охрид на стартот на подготовките за новата сезона кога ќе биде промовиран пред охридските навивачи.

Петто засилување за Охрид – потпиша некогашна ѕвезда на ПСЖ!