Талески: Секоја победа на гости значи многу за Вардар, Охрид покажа карактер

По триумфот над Пролет, ракометарите на Вардар ја забележаа и втората победа во суперлигашкиот плеј-оф, откако славеа кај Охрид со 26-23.

Левиот бек Филип Талески смета дека шампионот одигра квалитетен натпревар, со исклучок на малите падови во играта, кој вели дека не смее да има во иднина.

„Да се игра пред ваква публика и пред полна сала е прекрасно чувство. После короната, во македонскиот ракомет почнаа да се враќаат сите навивачки групи и да ги бодрат своите тимови. Мислам дека одигравме еден квалитетен натпревар со неколку падови во играта што во иднина не смееме да ги дозволиме ако сакаме да ја оствариме целта. Охрид покажа карактер и се враќаше од негатива од четири па на еден гол. Такви падови ние не смееме да ги имаме, а секоја чест за борбеноста на Охрид и за публиката“, вели Талески.

Тој смета дека секоја гостинска победа, особено кога сите екипи се засилени има големо значење во битката за титулата.

„Секој натпревар е важен. Знаеме дека сите екипи се засилија на полусезоната и секое гостување ќе биде тешко. Секоја победа од гости значи многу и мораме да ја оствариме целта, односно да одиме на секој натпревар на победа ако сакаме да ја освоиме титулата“, заврши Талески.

Следен натпревар за Вардар ќе биде на домашен терен против составот на Бутел Скопје.

Одличен почеток и крај на Вардар за триумф во Охрид

Андоновски: Имавме свои шанси, но не ги искористивме

Дрогришки: Лошиот старт беше клучен за поразот од Вардар

Недановски: Тешко е да се игра во Охрид, најважно е дека ги освоивме бодовите