Стојановиќ објави список на кадети – 55 ракометари во конкуренција за ЕХФ шампионатот

Селекторот на машката кадетска репрезентација, Раде Стојановиќ, објави поширок список на ракометари што ќе бидат во конкуренција за настап на пријателски натпревар против Бутел Скопје и за претстојниот ЕХФ шампионат во август.

Стојановиќ, кој во стручниот штаб ќе ги има Бранко Ангеловски и Наум Танески, на списокот стави 55 ракометари, од кои тројца се интернационалци и настапуваат во Германија, Австрија и Словенија, но за оваа акција нема да бидат присутни.

Собирот ќе биде на 13 мај во Автокоманда, ќе бидат селектирани ракометари што ќе играат в недела во Кавадарци на пријателскиот дуел со Бутел Скопје на 15 мај.

Тие што ќе отпаднат од комбинација, остануваат во конкуреннција за настап на ЕХФ шампионатот во Летонија во август. Ривали на Македонија од 8 до 14 август ќе бидат домаќинот Летонија, Турција и Косово, додека во другата група се Луксембург, Швајцарија и Белгија, а учеството на Русија е под знак прашалник.