Стартува младинската лига: Братски двобој во Битола, Прилеп оди на мегдан на Пролет

Со братскиот двобој во Битола во текот на утрешниот ден меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, ќе стартува новата сезона во Младинска лига.

Од групата А, ќе се одиграат уште три средби. Охрид патува во Скопје кај Голден Арт Аеродром, додека Бутел Скопје ќе гостува кај Филип Прилеп.

Интересна треба да биде битката меѓу Пролет и Прилеп в недела.

Во групата Б, Куманово ги пречекува ракометарите на Текстилец од Штип, а Младост Богданци ќе оди на мегдан во Кавадарци кај Тиквеш. В среда ќе се комплетира колото со средбата меѓу Јуниор КВ и Мулти Есенс.

Младинска лига, распоред, 1 коло:

група А

22/10, 12:00, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
22/10, 13:00, Голден Арт Аеродром – Охрид
22/10, 17:00, Филип Прилеп – Бутел Скопје
23/10, 13:30, Пролет – Прилеп
Струга слоб.

група Б

22/10, 13:00, Куманово – Текстилец
23/10, 16:00, Тиквеш – Младост
26/10, 18:00, Јуниор КВ – Мулти Есенс
Македонија ЃП слоб.
Овче Поле слоб.