Стартуваат битките за титула и опстанок во елитата – нема да недостига драма, неизвесност…

Денеска стартува разигрувањето за титулата и за опстанок во македонската Суперлига со натпреварот меѓу Скопје и Струга. На денешната програма од македонската елита ќе бидат одиграни пет дуели, од кои два меча ќе бидат во рамките од плеј-оф фазата.

Актуелниот бранител на титулата, екипата на Вардар својот прв дуел од вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23 ќе го има на 13 февруари кога на свој терен ќе го пречека Пролет.

Екипата на Бутел денес пред својата публика ќе го предизвика составот на Еурофарм Пелистер и ќе се обиде да направи изненадување. Избраниците на Ларс Валтер во плеј-оф фазата пренесоа максимален број на бода (3), додека тимот на Кристијан Грчевски вториот дел од сезоната ќе го стартува со еден бод.

Дерби ќе има во Битола каде вториот тим на Еурофарм Пелистер ќе ја пречека амбициозната екипа на Охрид, која атакува на пласман меѓу првите пет екипи и излез на европска сцена. Двете екипи направија неколку промени во играчкиот кадар, па така денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ се очекува да има интересна средба.

Куманово, кој исто така беше активен на трансфер пазарот за пролетниот дел од сезоната, во првото коло од плеј-аутот силите ќе ги одмери со Јуниор КВ. Повратникот во Супер лигата Голден Арт, кој пренесе три бода во борбата за опстанок, ќе му гостува на Вардар Неготино.

Супер лига, плеј-оф, 1 коло:

11/02, 18:00 часот, Бутел – Еурофарм Пелистер

11/02, 18:00 часот, Еурофарм Пелистер 2 – Охрид

12/02, 19:00 часот, Тиквеш – Алкалоид 

13/12, 18:00 часот, Вардар – Пролет

СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-ОФ

ПозЕкипаНПРЛБ
112110135
212100233
31280427
41280426
51260619
61230910
71220106
81200120

Супер лига, плеј-аут, 1 коло:

11/02, 14:30 часот, Скопје – Струга

11/02, 17:00 часот, Јуниор КВ – Куманово

11/02, 18:30 часот, Вардар Неготино – Голден Арт

12/02, 15:00 часот, Прилеп – Радовиш

СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-АУТ

ПозЕкипаНПРЛБ
112101132
21290330
31181227
41280424
51261520
61131713
71220106
81400142