Стаменковиќ е МВП на младинскиот Ф4, Николоски нај стрелец, Панов нај голман

Ракометарите на Голден Арт се новите шампиони во младинска конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот, кој се одржуваше во Богданци, го совладаа Бутел Скопје со 31:27.

По финалниот меч беа доделени и индивидуалните награди, а беше прогласен и ол-стар тимот на турнирот.

За МВП на Ф4 турнирот беше прогласен членот на Голден Арт, Кристијан Стаменковиќ, додека наградата за најдобар стрелец заврши во рацете на левиот бек од Младост Богданци, Антонио Николоски.

Голманот на Младост Богданци, Благој Панов, освен што беше избран во ол-стар тимот, тој го доби признанието и за најдобар голман на Ф4 турнирот во младинска конкуренција.

Идеален тим на Ф4 младинци:

голман – Благој Панов (Младост Богданци)

лево крило – Дамјан Субашевски (Бутел Скопје)

лев бек – Антонио Николоски (Младост Богданци)

среден бек – Немања Џигероски (Голден Арт)

десен бек – Кристијан Стаменковиќ (Голден Арт)

десно крило – Дамјан Георгиев (Пролет)

пивот – Илија Чрчев (Младост Богданци)

Голден Арт е новиот шампион во младинска конкуренција