Голден Арт е новиот шампион во младинска конкуренција

Ракометарите на Голден Арт се новите шампиони во младинската конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот во Богданци славеа против Бутел Скопје со 31:27 (14:15).

Голден Арт со освоениот златен медал уште еднаш потврди дека напорно работи со младинските категории, бидејќи е единствен тим што успеа да стигне на Ф4 турнирите со пионерите, кадетите и младинците.

Третото место на младинскиот Ф4 турнир им припадна на ракометарите на Младост Богданци, кои го совладаа Пролет со 31:26 (18:16).

Ланската сезона титулата во младинскиот шампионат ја освои екипата на Алкалоид, која во финалето го совлада Бутел Скопје.