Србија останува без првиот стрелец – Крпеж ја заврши репрезентативната кариера

33-годишното десно крило на репрезентацијата на Србија и на словенечкиот Крим, Катарина Крпеж Шлезак, најави крај на кариерата во дресот со националниот грб.

Крпеж Шлезак долги години е прв стрелец на женската репрезентација, но реши сега да се посвети на семејството и клупските обврски.

„После долго размислување одлучив да ја завршам репрезентативната кариера. Тешко е да со донесе таква одлука, со тешко срце решив дека е крај…Главната причина е моето здравје и моето семејство. Времето бргу поминува, и сакам повеќе да и се посветам на ќерката. Сега е прилика младите девојки да добијат шанса. Ми беше чест и задоволство да играм за својата земја“, напиша Крпеж.

Десното крило потекнува од Врњачка Бања, играше за српските Зајечар и Кикинда, за Металург, потоа за унгарскиот ЕРД и рускиот Ростов Дон.