Со еден клик: Спартак стана ЦСКА Москва

Од денеска со еден потег избришани се и сајтот и сите налози на Спартак кои ги имаше на социјалните мрежи, па истите стана сопственост на популарните „армејци“ односно на ЦСКА Москва. Практично најавите станаа реалност, па тимот кој сезонава играше во СЕХА лига од денеска ќе настапува под ново име.

Зад целата операција на промена на името и целата историја на клубот стои претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев. Во иднина ЦСКА Москва ќе се обиде со новото име да ја прекине доминацијата на Чеховски медведи, тим кој доминира во Русија од 2002 година.

ЦСКА Москва беше еден од најголемите клубови во времето на СССР, а успеа да дојде и до победа во КЕШ во 1988 година, но потоа во 2001 година згасна, го зема името Чеховски медведи и се пресели во Чехов, град које во близина на Москва.

Сега новиот клуб под старото име ќе се обиде да ги надмине резултатите на стариот. Веќе се најавени и засилувања, а прво име би требало да биде искусниот десен бек и поранешен репрезентативец на Русија, Константин Игропуло.