Игропуло на радарот на Спартак Москва!

Спартак Москва по секоја цена е решен да го симне Чеховски Медведи од престолот во Русија, ако не оваа, следната сезона.

По шесте ангажирани засилувања оваа сезона (двајца украински репрезентативци Жуков и Илченко, Естонецот Јанима и тројцата руски репрезентативци Атман, Сорока и Киреев), Спартак ја загуби титулата во Купот, но ќе има шанса да се одмазди во Купот.

Челниците на овој клуб веќе размислуваат на следната сезона и во плановите го имаат десниот бек на Висла Плоцк, Константин Игропуло.

Според полскиот Спортове Факти тој веројатно нема да го продолжи престојот во Полска, иако Висла ќе остане и без вториот десен бек Жига Млакар.

Покрај Игропуло, Спартак за следната сезона ќе го ангажира и бекот на унгарскиот Чурго, Олег Астрашапкин.