Спартак Москва ќе стане ЦСКА Москва!

Новакот во елитната руска конкуренцијаа оваа сезона, тимот на Спартак Москва, по само една година ќе го смени името.

Иако руските медиуми откриваат дека овој тим во иднина ќе се вика ЦСКА Москва, сепак од раководството на Спартак ја негираат таквата информација.

Чеховски Медведи е клубот што е официјален наследник на легендарната ЦСКА Москва, па интересно ќе биде да се види реакцијата од Чехов.

Овие две екипи се сретнаа викендов во финалето на Купот на Русија во Перм, а може да играат и во полуфиналето на плеј-офот за титулата.