Скубе ќе го менува Карабатиќ во ПСЖ?

Поранешниот словенечки репрезентативец Себастијан Скубе е можната замена за повредениот Никола Карабатиќ во францускиот ПСЖ.

Раул Гонзалес одамна е во потрага по нов играч на средната бековска позиција, прв пик беше холандскиот интернационалец Лук Стеинс од Тулуз, но веројатно од тој трансфер нема да има ништо.

Данската „ТВ2 Спорт“ тврди дека ПСЖ веќе има упатено понуда до данскиот Силкеборг за трансфер на Скубе, но сигурно овој клуб нема да го ослободи Словенецот без оштета.

Скубе има договор со Силкеборг до крајот на оваа сезона, а на ПСЖ добро би му дошол ваков играч пред настапот на завршниот турнир во Келн кон крајот на годинава.