Скубе стави крај на репрезентативната кариера

Репрезентацијата на Словенија не одигра ниту еден натпревар во квалификациите за Европското првенство откако дуелите против Полска и Турција беа одложени поради коронавирусот.

Селекторот на Словенците за овие средби ги имаше во план браќата Себастијан и Сташ Скубе кои после неколку години требаше да се најдат во националниот тим. Сепак, очигледноповеќе нема да игра бидејќи најави дека ова бил последниот собир за него во репрезентацијата.

Во коментарите Себастијан Скубе најавува дека сака да поминува повеќе време со семејството и пријателите и дека не е подготвен во иднина да одговори на повиците за настап во нациоанлниот тим.

Тој досега има 127 средби за сениорската селекција на Словенија и постигнато 276 гола, но во последните години немаше место во тимот на Вујовиќ, а покрај него и Сташ Скубе исто така не беше во националниот тим така што тој ќе почека уште за враќање во репрезентацијата.