Сите сакаат селфи со рекетот број еден – и Карабатиќ се слика со Ноле (ФОТО)

Српскиот тенисер и светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, заедно со словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се најпопуларните спортисти во олимпиското село.

По руските репрезентативки, и Никола Карабатиќ успеа да направи селфи со српскиот тенисер.

„Имам многу фотографии, многу дружење и многу убави зборови во олимпиското село. Тоа е тоа што ме полни со позитивна енергија. Ова е нешто кое ние спортистите кои се натпреваруваме поединечно не може да го доживееме често. Свесен сум дека многу спортисти ме пратат и дека тенисот е популарен спорт. На секој спортист гледам како на свој колега и сакам да разговарам, да прашувам, да научам нешто ново. Јас сум слободоумен. Навивам за сите“, изјави Ѓоковиќ.