Симовски одбра 16 ракометарки за Исланд (ФОТО)

Женската репрезентација на Македонија денеска го започнува квалификацискиот турнир за пласман во баражот за Светското првенство.

Селекторот Симе Симовски го одреди составот за првата средба против Исланд, која може да се покаже клучна за првото место во групата.

Од оние што се на собир, за овој натпревар од комбинација отпаднаа голманката Драгана Петковска, левото крило Мила Трајковиќ, десното крило Теодора Дукоска, како и бековите Андреа Седлоска,  и Ангела Јанкуловска.

За Исланд нема да настапи Карен Кнутсдотир, која не ни допатува во Скопје. Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 17:00 часот.