Се разгореа страстите кај ривалот на Македонија – Рогановиќ не ме „прецрта“ мене, туку јас него!

Десниот бек на црногорската репрезентација, Владан Липовина, нема да настапува за националниот тим на Европското првенство.

Селекторот Зоран Рогановиќ, не го стави Липовина на скратениот список и ќе смета на Стефан Чавор и Бранко Вујовиќ на десната бековска позиција.

Липовина во изјава за „Побједа“, откри детали од нивниот однос.

„Не така одамна Рогановиќ тврдеше дека јас сум носител на играта, главен играч…кога добивавме важни натпревари. На дуелите со Романија и Косово играв само по пет минути и очигледна му беше намерата да ме понижи како играч, а јас го доживеав како голема навреда“, изјави Липовина.

Десниот бек на Балинген откри и дека со селекторот комуницирале неколку пати по тие натпревари.

„Му се јавив и го прашав зошто не ме испочитува како играч и дека не сум заслужил таков однос, а тој ќутеше како нем. Го прашав дали сум казнет бидејќи единствено јас не аплаудирав кога доаѓаше Предраг Бошковиќ (потпретседател на ЕХФ и функционер во РСГЦ) на тренинзите, а тоа Рогановиќ го бараше од сите играчи“, продолжи Липовина.

Некогашниот ракометар на Металург кажа дека тој го „прецртал“ Рогановиќ, а не обратно.

„Јавно му кажав дека нема да доаѓам на повиците за репрезентацијата. Вистината е дека ја го „прецртав“ него, а не тој мене, поради неговиот нечовечки однос со кој му прави штета на црногорскиот ракомет. Никаде и никогаш не сум доживеал некој тренер да бара од играчите да му аплаудираат на некој спортски работник на висока функција ’за себе да си обезбеди подобра позиција’. Во европски клубови и репрезентации такво нешто не може да се случи. Рогановиќ потоа неколку пати ме бараше на телефон, но јас не му одговарав на повиците, бидејќи со таква личност немам за што да разговарам“, заврши Липовина.

Македонија и Црна Гора ќе се сретнат на 17 јануари во Дебрецин на Европското првенство.

Корона ги покоси Црногорците на 18 дена до ЕП, мечот со Косово е откажан!