Ќе има ли чистка во ПСЖ? Договорите им истекуваат на Раул, Морос, Шипжак…доаѓа Мае од Веспрем

Францускиот ПСЖ настапи четврти пат на завршниот турнир вo Лигата на шампионите во Келн, но ниту овојпат не успеа да стигне до толку посакуваната титула. Избраниците на Раул Гонзалес не се ни пласираа во финалето, а мала утеха им е третото место со триумфот над Веспрем со 31-26.

„Л’екип“ и „Ле Паризиен“ пишуваа дека челниците на гигантот не се задоволни од оствареното досега, па договорот на некогашниот стратег на Вардар – Раул Гонзалес, многу веројатно нема да биде продолжен по истекот ова лето.

Договорните обврски им истекуваат и на главниот дефанзивец Виран Морос и на пикерот Камил Шипжак, а досега нема информации за нивно продолжување на престојот во француската престолнина. Левото крило кое остави одличен впечаток на Ф4, Дилан Наи, на лето заминува и ќе стане член на полскиот Келце.

Според шпекулациите прво засилување за ПСЖ би требало да биде францускиот репрезентативец од Веспрем, Кентан Мае. Тој поради повредите не го покажа својот потенцијал во унгарскиот тим, нов договор засега не му е понуден од страна на Веспрем, па многу веројатно ќе продолжи во ПСЖ.

Французите ќе мора да бараат и засилувања на други позиции ако сакаат да останат конкурентни за место меѓу најдобрите во ЛШ, а оваа сезона имаат шанса да ја поправат грешката од овој Ф4 и да обезбедат ново патување во Келн на почетокот на јуни.