Серафимов: Не се сомневам во селекторот – сега треба главата горе!

Репрезентацијата на Македонија загуби и во третото коло од Светското првенство во Полска и Шведска од селекцијата на Аргентина со убедливи девет гола разлика, 35-26.

Десниот бек Мартин Серафимов ги сподели своите впечатоци по убедливиот пораз од Аргентина.

,,Да бидам искрен, тргнавме со голема желба во натпреварот, сакавме и дадовме се од себе, не знам каде грешиме, се надевам дека во блиска иднина тоа ќе се поправи, не се сомневам во селекторот, сега треба глава горе и да гледаме напред”, изјави Серафимов.

По овој висок пораз, на Македонија и останува да се бори за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот и ќе разигрува во Плоцк.

БЛАМАЖА за крај – Македонија понижена од Аргентина!