Сениорките денеска ја стартуваат мисијата „ЕП 2022“

Женската ракометна репрезентација денеска ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство што ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Селекторот Љубомир Савевски на подготовките покани 19 ракометарки, а најголем проблем ќе биде отсуството на капитенот Елена Ѓорѓиевска.

Исто така ќе фали уште една леворака ракометарка Теодора Дукоска, а нема да игра ниту левиот бек Марија Штериова.

Денеска од 13:00 часот ќе биде собирот на репрезентативките, а тренинзите ќе започнат вечерва.

Македонија е во група со Романија, Холандија и Франција.