СЕНЗАЦИЈА: Лазаров и Нант го елиминираа Келце!

Келце и Нант и во реванш дуелот одиграа максимално израмнет и неизвесен натпревар кој на крајот го доби екипата на Нант со 31:34. После поразот во првиот натпревар од еден гол, 24:25 Лазаров и соиграчите најдоа начин да го елиминираат тимот на Талант Душебаев.

Нант поведе со 1:3, а потоа и 2:5 водство кое во продолжението успешно го чуваа. Еден од најзаслужните беше голманот Емил Нилсен кој бранеше одлично, а исто така добро издание имаше Мин кој погодуваше без грешка од секоја позиција.

После подолго време во 25. минута Келце успеа да израмни на 11:11. Сепак во ззавршните минути од првиот дел гостите обезбедија водство и на одмор заминаа со два позитива, 13:15.

Продолжи Нант да го контролира резутатот и во вториот дел и најчесто имаше еден или два предност. Ракометарите на Келце до првото водство после 1:0 стигаа дури во 45. минута кога Карачиќ погоди од седмерец 24:23.

Натпреварот влезе во неизвесна завршница, на две минути до крај беше 30:30. Нант го реализираше следниот напад, а потоа Карачиќ избрза и не погоди. Тимот на Лазаров отиде повторно на два гола, предност кој ја сочуваа до крај за голема победа против Келце и пласман во четвртфиналето.

Најефикасен во составот на Нант беше Мин со осум гола, а Кире Лазаров постигна четири погодоци. Нилсен беше одличен со десет интервенции на голот на Нант. За тимот на Келце, Кулеш со шест гола беше најпрецизен.