Сензационален трансфер: Лук Абало потпиша за норвешкиот Елверум!

Откако стана јасно дека ПСЖ нема да му го продолжи договорот, поранешниот француски репрезентативец Лук Абало сакаше да ја заврши кариерата.

Но во меѓувреме се појави коронавирусот, сезоната не се доигра, па Абало реши дека ќе продолжи да игра најмалку уште една година.

Се споменуваше тимот на Динамо Букурешт како можна опција, но на крајот легендарното десно крило се реши за норвешкиот првак Елверум.

Абало потпиша на една година со Елверум и таму ќе биде замена за исландскиот репрезентативец Сигвалди Гудјонсен, кој се сели во полскиот Келце.