Седум места за прволигашкиот плеј-оф пополнети, за осмото ќе се почека

После одигрувањето на некомплетното 6. и 7. коло станаа јасни седум учесници во плеј-офот ов Првата машка лига кој би требало да биде одигран напролет.

Сосема извесно е дека од Групата А во плеј-офот имаше место за составите на Аеродром, Драчево, Шампион и Јехона. Овие четири екипи се изборија за доволно бодови за да можат да играат напролет во плеј-офот.

Во групата Б, дебитантот Скопје 2020 имаше максимални 21 поен со кои е сигурно на врвот. Во плеј-офот место си најдоа и Металург РА и Куманово, а остана отворено прашање за 4. место.

Вардар Неготино поради тоа што има позитивни ракометари на Ковид 19 не играше викендот и средбите се одложени, па ќе бидат одиграни во нов термин.

Затоа останува Вардар Неготино да ги комплетира средбите и да може да се затвори плеј-оф лигата.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

РИНИА М – ШАМПИОН               21:33 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРЕСПА – АЕРОДРОМ   29:36 (ИЗВЕШТАЈ)

ЈЕХОНА – КИЧЕВО           43:35 (ИЗВЕШТАЈ)

ДРАЧЕВО – БОРЕЦ          34:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА: 1. Аеродром 19 бода (271:174); 2. Драчево 19 (243:189); 3. Шампион 15 (224:213); 4. Јехона 12 (246:233); 5. Борец 9 (224:234); 6. Преспа 6 (198:187); 7. Риниа М 3 (191:269); 8. Кичево 0 (180:278).

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

СКОПЈЕ 2020 – ТЕКСТИЛЕЦ          39:11 (ИЗВЕШТАЈ)

КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ РА      25:26 (ИЗВЕШТАЈ)

ПАРТИЗАН – МАКЕДОНИЈА ЃП  32:29 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР НЕГОТИНО – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР             ОДЛОЖЕНО

ТАБЕЛА: 1. Скопје 21 бод (255:177); 2. Металург РА 18 (237:167); 3. Куманово 15 (208:166); 4. Текстилец 7 (135:180); 5. Вардар Неготино 6 (140:159, -2 меча); 6. Делчево Вардар 5 (175:213, -1 меч); 7. Партизан 4 (146:181, -1 меч); 8. Македонија ЃП -1 (162:215).