Шампион со нов триумф, во деби сезоната финишираше на 3. место

Екипата на Шампион го финишираше овој дел од сезоната со победа од 33:21 над Риниа М што беше и повеќе од доволна потврда за пласманот во плеј-офот од Првата машка лига.

Кој ќе победи на овој дуел беше познато рано во мечот, а добрата игра прикажана во комплетната полусезона беше само потврдена и на овој натпревар.

Откако во првото полувреме ракометарите на Риниа М успеваа да парираа и издржаа во поголемиот дел да бидат и во предност, на одмор резултатот беше 14:11 во корист на Шампион.

Квалитетот дојде до израз во продолжение од натпреварот кога ракометарите на Шампион наметнаа посилно темпо и успеаја да стигнат до двоцифрена предност која на крајот изнесуваше 12 погодоци.

Оваа победа беше и повеќе од доволна за да се потврди местото во главната лига напролет кога ќе се бара место во суперлигашката конкуренција. Инаку, Шампион завршува на 3. позиција во Групата А зад Аеродром и Драчево.

РИНИА М – ШАМПИОН               21:33 (11:14)

Сала: „Гемиџии“ во Велес. Судии: Иван Јованов од Радовиш и Драган Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

РИНИА М: Енес Мемеди, Тахири, Палоши, Емини 7, Саити, Весов 2, Мемети, Сулејмани 3, А. Исмаили 3, Енис Мемеди 3, Туша, Џ. Исмаили, Стојчевски 3

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.

ШАМПИОН: Ступар, Димовски, Станиќ, Игнов 8, Мишоски 2, Дрпљанин, Стефановски 2, Налетовски, Ивчески, Мојсовски 3, Марковски 7, миланов 3, Стојановски 5, Манојловски 1, Миноски 2.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.