Партизан со прва победа, нo само за утеха

Во натпревар кој не решаваше ништо во Групата Б од Првата машка лига составот на Партизан дојде до победа против Македонија Ѓорче Петров со 32:29.

Без притисок околу борбата за пласман во плеј-офот двете екипи одиграа мирен натпревар, но беа со мал број на ракометари.

И двете екипи имаа свои моменти и периоди на добра игра така што на моменти успеваа да го диктираат темпото и да ја имаат контролата на резултатот. После неколку пресврти во првото полувреме, на одмор, сепак, немаше предност за некој од тимовите, а на одмор се замина со нерешени 18:18.

Вториот дел од натпреварот мина во знакот на Партизан. Овој тим успеа да наметне свое темпо и да направи предност. Постојано беше водство од еден или два гола, но противникот израмнуваше. Последен пат нерешено беше при 25:25, а потоа Партизан засили и дојде до три гола предност за конечни 32:29.

Со ова Партизан дојде до првата победа сезонава, но останува на 7. место во Групата Б, додека Македонија Ѓорче Петров е последна.

ПАРТИЗАН – МАКЕДОНИЈА ЃП 32:29 (18:18)

Сала: СРЦ „Младост“ во Неготино. Судии: Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Дане Ѓоргиевски од Ресен.

ПАРТИЗАН: Р. Узунчев, Јанев 1, Т. Узунчев 10, Д. Узунчев 11, Ангов 1, Велев 1, Динев, Љатев, Кимов 7, Маренчев 1

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 10 мин.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Димовски, Јаневски 5, Неделковски 1, Никодиновски 11, Иванов 3, Ѓиноски 1, Стојановски 3, Коцев 5.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 12 мин.