Седлоска и Локомотива покуси за гол, останаа без трофејот во Европскиот куп

Репрезентативката на Македонија, Андреа Седлоска остана без погодоци на дуелот меѓу Локомотива и Малага кој нејзиниот клуб од Загреб го доби со 31:28.

Ова беше средба на која на Локомотива и требаше победа од пет гола бидејќи на првиот дуел во Шпанија загуби со 28:32. Сепак, домашните останаа покуси за гол со кој ќе дојдеа до пенали.

На крајот гостинките од Шпанија дојдоа до пехарот во Европскиот куп така што на крајот Седлоска и колешките мораа да се задоволат со второто место во натпреварувањето.

Ова беше средба на која Андреа не доби шанса, па оттаму остана без бројки зад своето име така што ќе остане следната година да се бара ноа шанса.