Светско првенство: Фаворитите газат сигурно, ден без изненадувања

Натпреварите од 2. коло на Светското првенство во Јапонија одиграни денеска во Групите А и Д не донесоа изненадувања. Сите средби завршија според очекуваното и со победа на фаворитите.

Во Групата А, Норвешка само покажа дека и понатаму е речиси без конкуренција, па и нанесе тежок пораз на Словенија. Србија и Холандија исто така беа сигурни и без проблеми дојдоа до нови бодови.

И додека тука само Норвешка и Србија се со максимални четири поени, во Групата Д три селекции се издвоија после две кола. Русија, Шведска и Јапонија покажаа дека ќе немаат поголеми проблеми и одат сигурно кон втората фаза.

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

КУБА –СРБИЈА 27:46 (11:25)

АНГОЛА – ХОЛАНДИЈА                28:35 (12:17)

СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА          20:36 (12:13)

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 4 бода (83:36); 2. Србија 4 (78:52); 3. Холандија 2 (61:60); 4. Словенија 2 (52:62); 5. Ангола 0 (53:67); 6. Куба 0 (43:93).

ГРУПА Д

АРГЕНТИНА – РУСИЈА   22:35 (12:17)

КОНГО – ЈАПОНИЈА       16:28 (9:17)

КИНА – ШВЕДСКА          19:32 (7:16)

ТАБЕЛА: 1. Русија 4 бода (61:33); 2. Шведска 4 (58:35); 3. Јапонија 4 (52:36); 4. Аргентина 0 (42:59); 5. Конго 0 (32:54); 6. Кина 0 (30:58).