Со денешната победа над Црна Гора од 35:28 репрезентацијата на Русија се избори за два бода со кои си го обезбеди местото во полуфиналето на Мундијалот во Јапонија и во последното коло ќе биде само потрага по одговорот на прашањето за првото место во групата.
Овој пораз за Црна Гора значеше збогување со надежта за полуфинале, а на чекор од место меѓу најдобрите четири е и репрезентацијата на Шпанија на која и треба уште бод за да дојде до место во битката за медалите.
Последните дуели се играат утре кога ќе се знаат сите полуфинални двојки.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
ГРУПА 2 (ВТОРА ФАЗА)
РЕЗУЛТAТИ ОД 2. КОЛО
РУСИЈА – ЦРНА ГОРА 35:28 (17:16)
ЈАПОНИЈА – ШПАНИЈА 31:33 (13:17)
ШВЕДСКА – РОМАНИЈА 34:22 (14:9)
ТАБЕЛА: 1. Русија 8 бода (125:91); 2. Шпанија 7 (119:101); 3. Шведска 5 (118:106); 4. Црна Гора 4 (111:114); 5. Јапонија 0 (106:130); 6. Романија 0 (82:119).