Светски шампион е во фудбал, а како дете играл ракомет

Еден од најдобрите стрелци и поранешен репрезентативец на Германија, Мирослав Клосе во интервју за „Bock auf Handball“ зборуваше за неговата поврзаност со ракометот и дека всушност тоа е негово хоби.

Тој како дете започна да тренира ракомет по стапките на својата мајка која била репрезентативка на Полска за која одиграла дури 82 натпервари. Сепак нејзиниот син не продлжил по нејзините чекори.

„Ракометот е многу тешка игра, и физикчи и тактички. Честопати кога имам време ги гледам натпреварите на германската репрезентација и други итересни натпрепвари. Мајка ми Барбара долго била професионална ракометарка и го има освоено три пати првенството и има одиграно 82 натпревари со репрезентаицјата. Се разбира дека ни има раскажано многу интересни случки. Како дете и јас почнав да се занимавам со ракомет, но моето тело не беше дијзанирано да се справи со тој спорт.“ изјави Мирослав Клосе.

Мирослав Клосе ја заврши кариреата и сега има 42 години, сепак слободното време го поминува во ракометните арени и следи натпревари особено од препрезентацијата на Германија.