Сарачевиќ заминува од Подравка, хрватскиот првак го промовираше новиот тренер

Екипата на Подравка од Хрватска одлучи да направи смена на тренерското место  за следната сезона. Нов тренер во новата сезона ќе биде искусниот стратег, Невен Хрупец.

Надзорниот одбор на клубот од Копривница со едногласна одлука одличил во новата сезона клубот да влезе со поголеми амбиции и нов тренер за остварување на зацртаните цели. Во оваа сезона екипата на Подравка има лоши резултати во Лигата на шампионките и моментално клубот е на последното место во својата група. Поради тоа, клубот ќе биде под палката на Невен Хрупец во новата сезона.

Тренер на екипата останува Златко Сарачевиќ до крајот на сезоната. Сарачевиќ со Подравка имаше договор на три сезони, но раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката со него.

Хрупец моментално е тренер на романската екипа, Дунареа Браила. Зад себе има тренерско искуство во голем број на клубови низ Европа.