Само групата 7 комплетна, Македонија и Данска без конкуренција

Утре треба да се одиграат уште неколку натпревари од 2. коло од квалификациите за Европското првенство во 2022 година, а после денешните натпревари само групата 7 е комплетна.

Македонија и Данска се двете репрезентации кои се на безбедно односно се сигурни на првите две позиции така што е сосема јасно како течат работите во моментов и за пласман на Европското првенство на Македонија сега и е потребна победа против Швајцарија на домашен терен во последното коло.

Четирите бода освоени во првата ЕХФ недела во која се играа две кола од квалификациите само го донесоа она што сите го посакуваа во националниот тим. Македонија влезе во овие квалификации со победа против Финска на домашен терен, а успеа да продолжи во ист стил и на гостувањето во Швајцарија каде што имаше одличен натпревар бидејќи се врати од негатива од три гола во моменти кога се чинеше дека дуелот ќе биде загубен.

Како што се одвиваа работите Македонија заслужено се избори за два бода со кои се најде на само чекор од пласманот на ЕП. Според математиката Швајцарија и да освои шест бода пред гостувањето во Скопје, на Македонија ќе и биде важен тој дуел да го добие за да има сигурно место на ЕП. Оттаму работите се речиси завршени, но ќе мора максимално да се одработи до крај.

Калификациите почнаа убаво, но важно е така да продолжат и во март против Данска и потоа во мај кога ќе финишираат со гостувањето во Финска и со Швајцарија на домашент терен.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

ГРУПА 7

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА            33:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ДАНСКА – ШВАЈЦАРИЈА              31:26 (ИЗВЕШТАЈ)

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА  23:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ФИНСКА – ДАНСКА         22:40 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА: 1. Данска 4 бода (71:48); 2. Македонија 4 (58:47); 3. Швајцарија 0 (49:56); 4. Финска 0 (46:73).