Голема победа за Македонија во Шафхаузен, со едната нога веќе на ново Европско првенство

Репрезентацијата на Македонија се враќа со победа од 25:23 од гостувањето во Шафхаузен и веќе е на добар пат да си обезбеди ново Еврпско првенство иако има уште четири натпревари до крајот од квалификациите.

Од почетокот на средбата Македонија тргна со контрола на резултатот. Постојано беше во гол до два предност, а домашните беа тие кои бркаа и мораа да израмнуваат. Таквата игра одговараше бидејќи имаше и грешки, па водството постојано остануваше кај репрезентацијата на Македонија.

Имаше неколку можности да се дојде и до плус три но не беа искористени, па кога најмногу требаше да се зададе удар и да се отиде на полувреме со висока предност се дозволи домашните да се вратат и дури и да поведат со 10:9 после три гола во серија.

Со голот на Лазаров, Македонија замина на полувреме со нерешени 10:10, но потоа стартот на вториот дел не беше најдобар.

Швајцарија ја смени играта и тоа почна да дава резултат. После неколку минути игра во која никој не направи поголема предност од еден гол следуваа четири добри минути за Швајцарија. Тоа и донесе преднот од 18:15 после 3:0 серија. Сепак, од 44. до 50. минута беа најдобрите минути денеска за Македонија.

Со 5:0 работите одново беа поствени на свое место и во последните десет минути се влезе со предност од два гола. Овие да разлика дадоа огромен „ветер во грб“ за момците, па Георгиевски погоди од мртов агол за 22:20, а потоа и Мишевски со својот деби гол за 23:20 што беше најава за победа денеска.

Во последните минути се играше 7 на 6 во напад за да се добие на време, а тоа се покажа и како добро решение. Македонија си обезбеди нова победа и со четири бода е рамо до рамо со Данска и веќе е со едната нога на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 23:25 (10:10)

Сала: „ББЦ Арена“ во Шпафхаузен. Гледачи: 50. Судии: Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик од Шведска. Делегат: Стефан Вицтум од Швајцарија.

ШВАЈЦАРИЈА: Бринглоф, Портнер, Шмид 7, Мајштер 3, Рубин 5, Тиновски, Свајлен, Лир 2, Сидорович, Ротлизбергер 2, Кител 1, Марос 2, Шелкер, Томинец 1, Гербл, Цендер.

Седмерци: -, Исклучувања: 8 мин.

МАКЕДОНИЈА: Митревски 1, Томовски, Стоилов 5, Лазаров 6, Талески 1, В. Маркоски, Н. Маркоски, Кузмановски 4, Костески, Г. Георгиевски 4, Д. Георгиевски, Пешевски 1, Кукоски, Маџовски 1, Серафимов, Мишевски 1.

Седмерци:  2/2, Исклучувања: 4 мин.