Капитенот на македонската женска репрезентација, Сара Ристовска, се врати на ракометните терени по долга пауза.
Откако десното крило го пропушти поголемиот дел од минатата сезона, сега успешно стартуваше на подготвителните натпревари за нејзиниот клуб Рапид Букурешт.
Во ремито со Дунареа Браила, 27-27, Ристовска даде два гола, во поразот од ЧСМ Букурешт со 26-25, Македонката беше прецизна три пати.
На третиот меч од пријателскиот турнир, Рапид Букурешт славеше против Корона Брашов, а Ристовска беше меѓу најдобрите со пет погодоци.
Ова е добра вест и за селекторот Игор Марковиќ, кој ќе смета на Ристовска за настап на Европското првенство во декември.
























