Македонскиот ракометар Дарио Петровски повторно ќе игра за тимот на Цвикау од Германија.
Битолчанецот, кој одлично се снаоѓа на сите бековски позиции, веќе настапуваше за Цвикау пред две сезони. Потоа беше дел од Ландшут, а сега прави камбек во позната средина.
Петровски во кариерата има настапувано за Еурофарм Работник, Еурофарм Пелистер, Струга, шпанската Гвадалахара, италијанскиот Јуниор Фасано и босанскиот Коњух, пред да замине во Германија.
За Петровски ова ќе биде нова можност за континуитет и докажување во германскиот ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…

























