Очекувано и Данска тргна со победа, Швајцарците на минус пет во Архус

Во натпревар кој како да беше и дуел меѓу Лауге Шмит и Едни Шмид кој ќе постигне повеќе голови, Данска успеа да го совлада составот на Швајцарија со 31:26 во 1. коло од групата 7 каде што се наоѓа и селекцијата на Македонија.

Данците немаа никаков проблем на овој дуел бидејќи постојано беа во предност. Од стартот на средбата наметнаа своја игра која им овозможуваше без поголеми проблеми да издржат и да дојдат до посакуваниот резултат.

Натпреварот тргна со подобра игра од страна на домашните кои беа во постојана предност од 3-4 гола. До крајот на првиот дел предноста се искачи и на шест гола за на пауза да се замине со 14:8.

Во продолжение на моменти предноста дојде и до осум гола, 20:12, но потоа дојде до мало опуштање, но без поголеми проблеми за да се зачува предноста и да се обезбеди победа на стартот од квалификациите.

Расмус Лауге Шмит со девет гола беше најефикаен во победничкиот состав, додека по четири гола имаа Ландин, Сван и Нилсен. Во Швајцарија сосема очекувано Енди Шмид со десет погодоци беше најефикасниот додека Рубин имаше четири гола.

Викендов Данска гостува кај селекцијата на Финска, додека Швајцарците ќе ја пречекаат Македонија.