РФМ потврди: Савевски се враќа во женската репрезентација

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, потврди дека Љубомир Савевски се враќа во женскиот ракомет. Како што www.24rakomet.mk најави во текот на вчерашниот ден, некогашниот селектор на машката и женска репрезентација му се враќа на тренерскиот занает.

“Благодарност до Симе Симовски за она што го направи досега. Очекував од циклус во цилус да растеме, но се опсети стагниција и истрошеност кај селекторот, и визијата на крајот не можев да ја видам каде оди женската селекција и спогодбено се договориме да ја прекинеме соработката. Ова лето имаме првенства во младински категории во кадетки и младинки, мојот предлог е за овој период за три месец да го ангажоираме како коррдинатор Љубомир Савевски. Докажан ракометен работник, кој има богато СВ, добар дел од репрезентативците минатите години поминале низ неговите раце. Мене ми е драго што тој прифати да се врати во ракометот, со оглед на тоа што немаше ангажман и јас сум убеден си семтам дека заедно треба да пробаме да направиме нешто сериозно. За периодот од јуни до август, ќе му дадеме одврзани раце и логистика, да ги собере на куп ракометарките од сите категории и да следиме како тоа ќе се развива. Јас имам доверва бо него. Идејата е да биде координатор, а да видиме дали тоа ќе даде квалитативен исчекор напред”, изјави Мукаетов.

Прв предизвик за Савевски ќе бидат кадетскиот и младинскиот ЕХФ шампионат во јули и август.

Македонија со нов селектор – после 14 години Савевски пак на клупата на дамите