Русија ја разнесе Полска, Атман пак не играше

Руската репрезентација го одигра најдобриот натпревар под водство на Едуард Кокшаров и славеше над Полска со убедливи 30-19 во третото коло од турнирот во аргентинскиот град Сан Хуан.

Вардарово трио настапи на овој натпревар. Данил Шишкарев постигна три погодоци, Глеб Калараш даде два, додека Сергеј Горпишин не се запиша во листата на стрелците.

Павел Атман не играше ниту против Полска, откако го пропушти и натпреварот против Шпанија Б. Природата на неговата повреда се уште не е позната.

Со оваа победа, Русија го освои второто место на турнирот во Сан Хуан. Домаќинот е прв, Шпанија Б е  на третото место, додека Полска е последна.

Кокшаров и четворицата ракометари на Вардар, денеска се враќаат во Москва, а в понеделник патуваат за Загреб пред мечот против Пекинг од регионалната СЕХА лига.