Чудо над чудата: На натпревар во Србија паднаа 101 гол!

Ракометарките на Темерин во рамки од 20. коло од Првата лига на Војводина против екипата на Равaнград од Сомбор остварија несекојдневна победа, триумфираа со 71 гол разлика, 86:15. Остварениот резултат значи дека победничката екипа постигнувала голови на секои 35,64 секунди.

Оваа победа можеби е најголемата во историјата на ракометот по победата на СССР над Авганистан со 86:2 на пријателски турнир во Унгарија во 80-тите години..

Екипата на Сомбор, која на овој натпревар настапила со само седум ракометарки, иако, имала поголем ростер, 18 ракометарки, сепак, тренерот на Раванград, Зоран Шуша, се одлучил за потег кој ги изненадил сите, па оттука се поставува прашањето дали натпреварот бил наместен, односно дали Раванград им направил услуга на Темерин за шампионската титула или навистина се случило ракометно чудо.

За појаснување, Темерин и Рума се борат за шампионската титула и влез во повисок ранг на натпреварување (Супер Б Лига), двете екипи имаат ист број на бодови (36). За првата позиција ќе одлучува гол разликата со останатите противници. Двете пресметки меѓу Темерин и Рума завршија нерешено, со ист резултат, 24:24.