Ристовски: Ја исполнивме првата цел, игравме финале во Задар

Вардар не успеа да забележи нов пресврт на Ф4 завршницата во Задар и вторпат од еден СЕХА фајнл-фор се враќа со сребрениот медал.

Овој пат Веспрем беше далеку пред конкуренцијата и покажа одлично издание, па на вардарци не им преостана многу.

„Нашата прва цел со која дојдовме во Задар успеавме да ја оствариме, а таа беше да се пласираме во финалето. Успеавме д видиме до каде сме и сега ни останува да продолжиме да работиме за следните натпревари. Мораме да продолжиме да ја креваме формата. Ни претстојат натпревари од Лигта на шампионите кои доаѓаат за брзо време и морме да бидеме подготвени“, изјави после натпреварот голманот Борко Ристовски.

Тој денеска имаше седум интервенции од кои шест беа во второто полувреме.