Ристовски: Вардар ја има најдобрата публика во светот!

Ракометарите на Вардар се блиску до пласман на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако славеа на гостувањето кај Нексе во Нашице со 30-31.

Голманот Борко Ристовски го имаше дебито во регионалната СЕХА лига и му помогна на Вардар да стигне до победата.

„Мораме да бидеме задоволни со победата, тоа што го замисливме пред мечот, го остваривме, иако мораме да поправиме некои нешта во одбраната.  Нексе е проект кој расте од година во година, беше преубаво да се игра овде, но сепак Вардар ја има најдобрата публика на светот. Тоа е само ветар во грб за екипата. Треба да им се симне капа на момците, кои кога ќе излезат на теренот, даваат максимум и забораваат на проблемите“, вели Ристовски.

Реванш натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра во Скопје на 25 март со почеток во 20:15 часот, на кој шампионот ќе атакува на нова победа за место на Ф4.