Ристовска и ЦСКА Москва незапирливи, блиску до финалето на плеј-офот во Русија!

ЦСКА Москва е на чекор до пласман во финалето на плеј-офот во рускиот шампионат, откако тимот на Сара Ристовска ги реши дилемите уште по првата средба со Звезда.

Во Звенигород, ЦСКА Москва и македонската репрезентативка славеа со убедливи 20-37, па реваншот во руската престолнина ќе биде само формалност.

Ристовска на теренот мина 27 минути и успеа да постигне два гола од два упатени удари кон противничкиот гол.

Ривал на ЦСКА Москва во финалето најверојатно ќе биде Ростов Дон, кој се очекува да нема проблеми да го елиминира Динамо Синара во полуфиналето на плеј-офот за титулата.