Ривал на Еурофарм Пелистер му даде нов договор на тренерот

Екипата на Кадетен Шафхаузен ја продолжи соработката со тренерот ид Исланд, Адaлштајн Ејолфсон и тој ќе остане дел од клубот до летото во 2023 година.

Неговиот договор истекуваше на крајот од оваа сезона, но во клубот се задоволни од резултатите и затоа падна одлука истиот да му биде продолжен на уште една сезона пред гостувањето кај Аек во Лигата на Европ.а

Исланѓанецот е тренер на Кадетен од минатата сезона, а има одлични резултати. Сезонава на 12 натпревари имаше само едно реми во првенството на Швајцарија, а во Лигата на Европа има освоено два поени од реми дуелите со Еурофарм Пелистер и Ним.