Ривал на Вардар продава билети и за првиот тренинг сезонава!

Еден од ривалите на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона, Елверум, продава билети и за првиот тренинг од подготовките.

Норвешкиот шампион ќе ја има и ѕвездата Лука Абало во ростерот, па го искористи тоа и од маркетингшки аспект.

Беа пуштени во продажба 180 билети по цена од 1 евро, а главниот влез на „Тернинген Арена“ ќе биде затворен.

Според информацијата на веб-сајтот на Елверум, навивачите ќе треба да пристигнат еден час пред стартот, за да има доволно време да се распоредат низ салата и да може да се почитува физичката дистанца.

Елверум ќе биде првиот гостин оваа сезона во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на ЛШ.