Рајн Некар има нов тренер, но само за следната сезона

Екипата на Рајн Некар во новата сезона ќе има нов тренер, кој ќе го води тимот само во следниот шампионат бидејќи веќе се знае дека од летото во 2022 година клубот ќе има друг стратег.

Во новата сезона екипата ќе биде предводена од страна на Клаус Гертнер. Тој во моментов е тренер на втората екипа, па ќе добие можност да работи со клубот со првиот состав и да ги предводи момците во битката за добар резултат.

Се споменуваше името на Чави Алонсо од Мешков Брест, но очигледно неговите амбиции не се да биде само една сезона на клупата на тимот од Бундес лигата, па не паднал договор.

Веќе е јасно дека од летото во 2022 година на клуапата ќе дојде сегашниот тренер на Бергишер, Себастијан Хинце. Тој ќе го одработи договорот со клубот во кој се наоѓа во моментов и потоа ќе се пресели во Рајн Некар.