Расизам во Шведска, тренерот доби пријава и црвен картон за извиците кон судијата!

Во втората ракометна лига на Шведска се случи расистички инцидент на дуелот помеѓу Кунгaлвс и Римбо. Натпреварот беше директен дуел за што подобар пласман што влијаеше атмосферата на теренот да биде пожешка.

На почетокот на второто полувреме тренерот на гостинската екипа Римбо го навреди судијата на мечот, Мохамед Абдулкадир упатувајќи расистички извици кон него.

„Во ракметот сум 20 години и ова е втор случај во мојот живот да поминам низ вакви моменти“, коментираше Абдулкадир за ситуацијата.

На тренерот на Римбо веднаш му беше покажан црвен картон, а инциентот е пријавен во Ракометната федерација на Шведска. Организацијата вети дека ќе го истражи инцидентот и ќе преземе строги дисциплински мерки.

Екипата на Римбо сепак оствари победа против Кунгалвс со 34:32 и се израмни по бодови со противникот на шестата позиција на табелата.