Ракометните школи привремено прекинаа со работа

После објавувањето на информацијата од страна на Владата дека од утре се затвораат основните и средните училишта, како и факултетите со свои соопштенија преку социјалните мрежи се огласија и клубовите кои имаат свои ракометни школи.

За да се спречи ширењето на Корона вирусот привремено прекинува работата на школите и нема да се одвиваат тренинзи во следните две недели.

Ова значи дека најмалите ќе мора да мируваат, а дополнително ќе биде познато како ќе се одвиваат работите односно кога ќе може одново на тренинзи и секако кога ќе има натпревари. Засега е јасно дека натпреварите ќе се играат без публика, а останува да се види кои други мерки ќе бидат преземени.